Дома Фудбал Познати најголемите желби на Јувентус: „Старата дама“ ќе треба да потроши над 200 милиони евра

Познати најголемите желби на Јувентус: „Старата дама“ ќе треба да потроши над 200 милиони евра

Јувентус планира да донесе три силни имиња во текот на летниот трансфер период, но не планира голема реконструкција во тимот. Според италијанските медиуми, Јувентус има намера да донесе три клучни играчи за првиот тим во текот на летниот трансфер период, но можеби и уште некое име, во зависност од тоа кој и колку играчи ќе го напуштат клубот по сезонава.

Торинскиот гигант минатото лето потроши повеќе од 200 милиони евра под водство на Тиаго Мота, за да ги доведе Теун Купмајнерс, Даглас Луиз, Нику Гонзалес и низа играчи на позајмица со опции и обврски за купување. Поради тоа, во клубот сметаат дека тимот, кој моментално го води Игор Тудор, има солидна основа врз која може да се надградува.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Нови имиња се очекуваат во средниот ред и нападот. Сандро Тонали од Њукасл и понатаму останува голема желба на клубот, наведува Тутоспорт. Покрај него, желби се и нигериските напаѓачи Виктор Осимен (Наполи, на позајмица во Галатасарај) и Адемола Лукман (Аталанта).

Напаѓачот на Наполи има клаузула за обештетување за клубовите надвор од Италија, која изнесува 75 милиони евра. Лукман би бил достапен за околу 60 милиони. Трансфермаркт ја проценува вредноста на Тонали на 45 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вилијамс му се „молел“ на Деко за трансфер во Барселона, но добил „ладен туш“

Нико Вилијамс минатото лето беше пред потпис за Барселона, но се предомисли во последен мо…