Дома Фудбал Познати четвртфиналните двојки во Лига Европа

Познати четвртфиналните двојки во Лига Европа

Целосно е комплетиран четвртфиналниот костур од Лига Европа. Откако во претходните натпревари пласман во оваа фаза обезбедија Атлетик Билбао, Бодо/Глимт, Ајнтрахт Франкфурт и Лацио, синоќа ги дознавме сите клубови кои ќе се борат за пласман во полуфинале.

На списокот се приклучија Лион, Манчестер Јунајтед, Ренџерс и Тотенхем.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Така, на едната страна од ждрепката во четвртфиналето ќе играат Тотенхем против Ајнтрахт Франкфурт и Бодо/Глимт против Лацио, а победниците од секој двомеч ќе се сретнат во полуфиналето.

На другата страна не’ очекуваат дуелите Ренџерс и Атлетик Билбао, како и Лион и Манчестер Јунајтед. Првите мечеви се закажани за 10 април, а реваншите се седум дена подоцна.

Двојки:

Тотенхем – Ајнтрахт Франкфурт
Бодо/Глимт – Лацио
Ренџерс – Атлетик Билбао
Лион – Манчестер Јунајтед

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дали следи спеектакуларно враќање на Салах?

Мохамед Салах во моментот го брани боите на Египет на Африканскиот куп на нации, но шпекул…