Дома Фудбал Позната причината за смртта на грчкиот репрезентативец

Позната причината за смртта на грчкиот репрезентативец

Репрезентативецот на Грција и фудбалер на Панатинаикос, Џорџ Балдок починал како последица од давење, потврдиле денеска извори од полицијата за тамошните медиуми.

Причината за смртта била давењето во базенот во вилата каде што престојувал. Телото го пронашол сопственикот на објектот во населбата Глифада во Атина.

Исто така врз неговото тело немало траги на насилство или нешто слично што би укажувало на некакво кривично дело.

До него е пронајдено и шише вотка, меѓутоа засега не е потврдено дали тој бил во алкохолизирана состојба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тројна дисциплинска разврска за арачиновци, Дервиши со најдолга суспензија

Шкендија Арачиново се соочува со постапки за организацијата и за однесувањето на директоро…