
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ дозна кога ќе го игра мечот од првото коло на Отвореното првенство на САД.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѓоковиќ ќе го започне својот настап на последниот гренд слем од сезоната против Американецот Лернер Тијен, и нивниот меч е закажан за ноќта меѓу недела и понеделник од 01.00 часот на централниот терен „Артур Еш“.
Програмата на најголемиот терен на Отвореното првенство на САД ја отвора Бен Шелтон против квалификант, а потоа следува дуелот меѓу Арина Сабаленка и Ребека Масарова, така што олимпискиот шампион ќе го игра својот меч во вечерниот термин во Њујорк.
Фото: Принтскрин