Дома Останати Тенис Познат терминот кога Ѓоковиќ ќе игра за финале во Мајами

Познат терминот кога Ѓоковиќ ќе игра за финале во Мајами

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ синоќа се пласираше во полуфиналето на мастерс турнирот во Мајами.

Србинот со резултат 2:0, по сетови 6:3, 7:6(4), го совлада Американецот Себастијан Корда.

Противник на Ѓоковиќ во борбата за пласман во финале и можноста да игра за јубилејната 100. титула во кариерата ќе биде Бугаринот Григор Димитров, кој претходно во четвртфиналето го елиминираше Аргентинецот Франсиско Серундоло.

Организаторите го одредија терминот за мечот Ѓоковиќ – Димитров. Србинот и Бугаринот ќе излезат на терен во 21 час по македонско време.

Ова ќе биде 14. по ред меѓусебен дуел на двата големи пријатели, а Ѓоковиќ победил во 12 од 13 претходни натпревари против Димитров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тешка срамота на УС Опен: Освои гренд слем во Њујорк пред десет години, сега одбиен за специјална покана

Стен Вавринка игра на последните турнири во својата кариера пред пензионирање, а малку е д…