Дома Фудбал Познат клучниот доказ поради кој Роналдињо ќе остане во затвор

Познат клучниот доказ поради кој Роналдињо ќе остане во затвор

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо се уште е зад решетки во затвор во Парагвај.

Тој заедно со брат му Роберто де Асис беше уапсен минатиот петок во Парагвај порадви влез во државата со фалсификувани документи, а и двајцата се бранеа со зборовите дека пасошите им биле поклон од бразилскиот бизнисмен Вилмондез Соуза.

Меѓутоа, сопругата на Соуза, Паула Лира одлучи да признае во полиција и да ги предаде клучните докази дека Роналдињо и брат му знаеле дека ќе добијат лажни пасоши и дека заедно со Соуза учествувале во фалсификувањето на исправите.

Таа преку извесна Далија Лопез го организирала целиот процез за фалсификување на исправите, а Роналдињо и брат му биле соработници.

После ова, скоро сигурно е дека ќе останат зад решетки откако се појавија доказите за нивно учество во комплетниот процес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…