Дома Фудбал Повторно е среќен: Елмас ја започна втората епизода во Наполи!

Повторно е среќен: Елмас ја започна втората епизода во Наполи!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас по завршувањето на настапите со националниот тим се врати во Италија и повторно е дел од Наполи. Играчот веќе тренира со соиграчите и му е на располагање на новиот тренер Антонио Конте, подготвен за ново деби во дресот на „партенопеите“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Елмас изгледа расположено и со нетрпение го очекува своето враќање на теренот во боите на Наполи.

Голема предност на македонскиот фудбалер е неговата флексибилност – може да одигра на сите позиции во средниот ред, што е силен адут за Конте.

Елмас во последниот меч за Македонија против Лихтенштајн постигна прекрасен погодок по соло акција, уште една потврда за неговата форма и самодоверба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На 16 години го урна рекордот на Белингам, но Англија остана со празни раце

Макс Дауман стана најмладиот фудбалер што заиграл за Англија до 21 година. Неговото истори…