
ПОРТУГАЛСКАТА репрезентација се собра за прв пат по смртта на Диого Жота. Ѕвездата Рубен Невес му оддаде преголема почит на својот близок другар и соиграч кој го изгуби животот на 28-годишна возраст, пишува Daily Mail. Да потсетиме, Жота и неговиот брат Андре починаа во сообраќајна несреќа на почетокот на јули.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Португалија оваа недела игра први натпревари по трагедијата, во рамките на квалификациите за Светското првенство.. Фудбалската заедница се простува од омилениот играч на различни начини, а Португалскиот фудбалски сојуз симболично повика 23 играчи на списокот, оставајќи едно место празно за Жота, кој за репрезентацијата одигра 49 натпревари и постигна 14 голови.
Тетоважа за вечна меморија
Една од најемоционалните почести дојде од Рубен Невес, кој беше неутешен на погребот на Жота и голема поддршка за неговата вдовица. На репрезентативниот тренинг во вторникот, Невес ја покажа својата нова тетоважа на левата потколеница, која го прикажува него и Жота во прегратка. Невес и Жота беа големи пријатели и ги делеа дресовите на Порто, Волву и Португалија.
Со цел да го продолжи наследството на својот пријател, Невес во репрезентацијата ќе го носи дресот со број 21, кој припаѓаше на Жота. Веста ја потврди и селекторот Роберто Мартинез. “Дресот со број 21 ќе го добие Рубен Невес, затоа што на тој начин овој број ќе остане на теренот и со сите нас. Имаше многу близок однос со Диого и идеална е личноста да го претставува”, изјави Мартинез.
𝗡𝘂𝗻𝗰𝗮 𝘀𝗲𝗿𝗮́𝘀 𝗲𝘀𝗾𝘂𝗲𝗰𝗶𝗱𝗼. Somos 23+𝟭. 🤍 pic.twitter.com/Z2HFPFk3CR
— Portugal (@selecaoportugal) September 2, 2025