Дома Останати Кошарка Потрес во Белград: Обрадовиќ повеќе не е тренер на Партизан!

Потрес во Белград: Обрадовиќ повеќе не е тренер на Партизан!

Жељко Обрадовиќ (65) повеќе не е тренер на КК Партизан, официјално потврди клубот преку своите социјални мрежи. Српскиот тим објави на службената страница писмо од Обрадовиќ, со што тој категорично ја поднесе оставката по четири и пол години враќање на клупата на својот сакан клуб.

Во своето второ претстојување со Партизан, Обрадовиќ освои две титули во АБА-лигата (2022/23, 2024/25) и една титула на првак на Србија (2024/25). Решението за оставка го донесе по вчерашниот пораз од 91:69 од Панаитиакос во Евролигата. Партизан по овој пораз се наоѓа на 18. место од вкупно 20 тима во Евролигата, со скор 4-9.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Комплетното писмо од Жељко Обрадовиќ ви го пренесуваме:

“Почитувани навивачи на Партизан,

Пред четири и пол години се вратив во мојот сакан клуб и започнавме заедно да го живееме најубавиот сон. Желбата и целта ми беа нашиот Партизан повторно по 10 години да биде дел од Евролигата и сите заедно успеавме во тоа. Натпреварите на нашиот сакан клуб станаа нешто повеќе, благодарение на вас кои сте најзаслужни за тоа. За жал, дојде момент кога морав да ја преземам одговорноста за сите лоши работи кои се случија оваа сезона и да поднесам оставка која не може да се повлече.

Би сакал да се заблагодарам на сите луѓе кои помогнаа на нашиот клуб во изминатите години, на претседателот на клубот и сите членови на Управниот одбор, на сите луѓе од работната заедница на клубот, како и на сите спонзори.

Многу сум благодарен на сите играчи кои беа со нас во овие четири и пол години, на членови на мојот стручниот штаб (многупати истакнав, најдобриот што го имав) и секако, огромна благодарност до сите навивачи на Партизан!

Ви благодарам за безрезервната поддршка, почитување и љубов коишто ми ги подаривте во овие години во секоја можност! Увек еден од вас, вечно благодарен!”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спектакл во Минесота: Богдан израмни, па го гледаше падот на Клиперс во последните секунди (Видео)

Враќањето на Богдан Богдановиќ го обележа гостувањето на Лос Анџелес Клиперс во Минесота, …