Дома Останати Тенис Поразот од Вашеро не му е најтежок во кариерата: Ова се најголемите порази Ѓоковиќ

Поразот од Вашеро не му е најтежок во кариерата: Ова се најголемите порази Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доживеа пораз од Валентин Вашеро во полуфиналето на Мастерсот во Шангај, но тоа не е неговиот најлош пораз.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вашеро, кој во моментот е рангиран како 204. тенисер во светот, го совлада Новак по два сета – 6:3, 6:4.

Тенисерот од Монако се наоѓа на третото место на листата на играчи кои го победиле Новак Ѓоковиќ, додека имале “послабо” рангирање.

Еден од најтешките порази ги доживеа во 2010 година, кога во Белград беше совладан од Филип Краиновиќ, кој тогаш беше на 319. место во светот.

Во Бризбејн, 2025 година, Ѓоковиќ беше поразен од Рајли Опелка, кој беше на 293. место на АТП листата.

Покрај Вашеро, листата ги вклучува и Химен Травер, кој како 178. победил против Новак во Барселона во 2006 година, и Виктор Троицки како 176. во Умаг во 2007 година.

Можеби најтешкиот пораз, имајќи го предвид значењето на турнирот, беше од Хуан Мартин Дел Потро во првото коло на Олимписките игри во Рио во 2016 година. Аргентинецот тогаш беше 141. на светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Скандал на Ролан Гарос: Тенисерка се сопна на рекламите и се повреди, мораше да го предаде мечот (Видео)

Веќе неколку години во Париз се дискутира за рекламите поставени во задните делови на тере…