Дома Фудбал Поранешната ѕвезда на ПСЖ и Тотенхем блесна во Бразил и ја покажа својата „магија“ (Видео)

Поранешната ѕвезда на ПСЖ и Тотенхем блесна во Бразил и ја покажа својата „магија“ (Видео)

Синоќа во рамките на четвртото коло од бразилската Паулиста се одигра голем дерби натпревар помеѓу Сао Паоло и Коринтијас, а својата магија ја покажа еден играч, добро познат на европската фудбалска сцена.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На целосно исполнетиот стадион До МорумБИС во Сао Пауло се одигра голем дерби во навистина одлична атмосфера.

Во првото полувреме не видовме многу од играта, но потоа во второто полувреме следуваше атрактивен фудбал, првенствено во изведба на Лукас Моура и Оскар.

Во 49. минута поранешниот играч на Челси, Оскар, упати центаршут од корнер, а гол постигна Лукас Моура.

Седум минути подоцна и самиот Оскар се најде на листата на стрелците и зголеми предноста на Сао Паоло..

Во 63. минута тимот на Коринтијас се врати во игра со гол на Хосе Мартинез, но славјето беше кратко.

Само минута подоцна се случи најубавиот момент на натпреварот кога Лукас Моура “заигра самба” на теренот и ја покажа својата магија.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Експлозија во Милано, Златан во центарот на хаосот: Алегри на излез по конфликтот со Ибрахимовиќ, навивачите протестираат!

Големиот италијански Милан се соочува со предизвикувачки период. Резултатите повторно изос…