Дома Фудбал Поранешен македонски шампион доби забрана за трансфери до 2026 година

Поранешен македонски шампион доби забрана за трансфери до 2026 година

Поранешниот шампион на Македонија, Шкупи, се соочува со сериозен предизвик, откако ФИФА го санкционираше клубот со забрана за регистрација на нови фудбалери до летото 2026 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа казна, која се однесува на три преодни рокови – јануари и јули 2025 година, како и јануари 2026 година – е потврдена и објавена на официјалната интернет-страница на Светската фудбалска федерација.

Суспензијата претставува тежок удар за чаирскиот клуб, кој неодамна влезе во нова ера под водство на нови сопственици. Иако новото раководство ја презеде управата со оптимистички планови за ревитализација на клубот, почетокот на нивниот мандат се одвива во сенка на оваа значајна санкција.

Според информациите, казната е резултат на претходни прекршувања на правилата за трансфери, што сега ја ограничува можноста на Шкупи да го освежи тимот со нови играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Никој не сака Реал Мадрид да го одобри планот на Винисиус: „Не смеете тоа да го дозволите“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор има намера, ако потпише продолжување на договорот…