Дома Фудбал Поради Рибери во Баерн постои непишано правило: Токму затоа Олисе нема да се пресели во Реал Мадрид

Поради Рибери во Баерн постои непишано правило: Токму затоа Олисе нема да се пресели во Реал Мадрид

Ѕвездата на Баерн Минхен, Михаел Олисе, ја фасцинира фудбалската сцена, предизвикувајќи голем интерес на трансфер пазарот со суми кои достигнуваат и до 200 милиони евра. Сепак, баварскиот гигант има силен и јасен став кога станува збор за продажба на своите клучни играчи.

Легендарниот оперативец на Баерн, Карл-Хајнц Румениге, зборуваше за интересот за францускиот ас и сподели интересна анегдота од минатото која совршено го објаснува тековниот пристап на клубот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според реномираниот експерт за трансфери, Фабрицио Романо, Румениге направи паралела со ситуацијата околу Франк Рибери пред 15 години.

“Во 2009 година имавме неверојатна понуда од Челси за Франк Рибери. Тоа ќе беше нов светски рекорд за трансфери тогаш. Со таа понуда се упатив до нашиот тогашен финансиски директор Карл Хопфнер и Ули Хенес. Дискутиравме околу два часа за да донесеме одлука”, се присети Румениге.

Токму тој состанок ја дефинираше долгорочната визија на клубот од Алијанц Арената.

“Тогаш донесовме темелна одлука – во иднина никогаш да не продаваме играч кој ни ќе ни недостигал на теренот.”

Румениге испрати јасна порака до сите европски гиганти кои надеваат дека парите ќе им помогнат да го убедат Баерн кога станува збор за Михаел Олисе.

“Ова непишано правило важи и денес. За играч како Олисе, нема цена која би ни влијаела”, заклучи Румениге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Телевизијата на Реал Мадрид: Ни украдоа 16 поени, еве го доказот (Видео)

Телевизијата на Реал Мадрид често објавува снимки на сомнителни детали од натпреварите на …