
Тренерот на полската фудбалска репрезентација Михал Пробјеж објави дека се повлекува од оваа позиција „заради доброто на тимот“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Оваа неочекувана одлука дојде по јасниот конфликт меѓу Пробјеж и најголемата ѕвезда на репрезентацијата, Роберт Левандовски, како и по поразот од Финска (1:2) во вторникот.
„Сфатив дека во оваа ситуација најсоодветно за доброто на екипата е моето повлекување од селекторската позиција“, напиша Пробјеж на платформата X, изразувајќи благодарност до своите соработници, играчите, навивачите и репрезентацијата.
Во неделата Пробјеж ја одзеде капитенската лента на Роберт Левандовски, ѕвездата на полскиот тим и Барселона.
Кратко потоа, Левандовски објави дека ќе ја напушти репрезентацијата ако Пробјеж остане на позицијата селектор.