Дома Фудбал Полјаците бесни на Роналдињо: Бразилецот се однесувал арогантно

Полјаците бесни на Роналдињо: Бразилецот се однесувал арогантно

Настанот наречен “Шоуто на Роналдињо” во полскиот Хожов требаше да биде мал празник на фудбалот и музиката со хуманитарна цел. Но, заврши со големо разочарување меѓу присутните и организаторите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Полските медиуми известија дека сите останале разочарани од однесувањето на Роналдињо.

Бразилецот задоцнил два часа на ручекот кој го претходеше официјалната програма.

Покрај тоа, тој одбил да комуницира со медиумите, иако овој дел бил предвиден за дополнителна промоција на настанот, и побарал специјален превоз до стадионот, одбивајќи да дели автомобил со останатите.

Меѓу останатите беа и негови поранешни соиграчи, но и полски фудбалски легенди.

Роналдињо играше 73 минути на хуманитарниот натпревар, по што, според полските медиуми, само си заминал од стадионот.

Неколку часа по натпреварот, Роналдињо на своите социјални медиуми им се заблагодари на сите кои дошле да го видат.

„Благодарам Полска. Неверојатна вечер со скоро 60.000 гледачи на стадионот. Одлична забава.

Благодарам на сите спортисти кои учествуваа, беше неверојатно да се биде на теренот со мојот брат и син. Нашите животи се посветени на фудбалот и голема чест ми е што добив таков пречек во земја толку далеку од мојата… Благодарен сум на Бога за сите вас, мои пријатели, семејството и колеги. Ви благодарам“, напиша Роналдињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов потпис во Мадрид: Бараше договор на две години, но попушти и ќе потпише на една!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид продолжува со стабилизација на тимот за следните сезони, отка…