Дома Фудбал Полицијата главен виновник за хоророт во Мексико: Полицаец ја отворил вратата🎥

Полицијата главен виновник за хоророт во Мексико: Полицаец ја отворил вратата🎥

Вистинскиот хорор се случи на мечот од мексиканското првенство меѓу Керетаро и Атлас.

Домашните навивачи среде натпревар ги нападнаа противниците, па на трибините имаше насилство од невидени размери.

На снимки кои се објавуваат од теренот и трибините, може да се забележи дека полицијата воопшто не реагирала, а пристигнаа и обвинувања дека еден полицаец намерно ја отворил вратата која ги делела домаќините и гостите.

Исто така, на терен меѓу публиката е видена моторола и пиштоли, па со право се сомнева дека сето тоа е исценирано со помош на полицијата.

Иако властите тврдат дека нема мртви туку само тешко повредени, сепак навивачката група потврди дека неколкумина го загубиле животот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…