Дома Фудбал Полицијата влезе на тренинг на премиерлигаш и уапси една од ѕвездите

Полицијата влезе на тренинг на премиерлигаш и уапси една од ѕвездите

Англиската полиција го приведе фудбалерот од Премиер лигата од тренингот на неговиот тим затоа што треба да оди на распит поради обвинување дека снимал сексуален однос со девојка без нејзина дозвола. „Сан“ не го откри името на играчот ниту неговиот клуб, но го нарече меѓународна ѕвезда. Клубот одби да го коментира настанот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Соиграчите биле шокирани и „на почетокот помислиле дека се работи за шега кога двајца униформирани полицајци влегоа на теренот за време на тренингот“, според изјавата на сведок објавена во „Сан“. Никој не бил сигурен што всушност се случува.

Полицијата го однела играчот на распрашување, каде го задржала шест часа пред да го ослободи поради недостаток на докази. Заплениле два телефонски уреди во потрага по спорни снимки, но не нашле ништо. Ден подоцна, приведениот играч се вратил на тренинг пред натпреварот од 3. коло на ФА купот овој викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Можно ли е? Отказот на Слот може да значи голем пресврт во Ливерпул!

Денеска неочекувано пристигна веста дека Арне Слот ја заврши својата кариера како тренер в…