Дома Фудбал Пол Погба остана без клуб: никој не го сака, понуден на тимот на Монако

Пол Погба остана без клуб: никој не го сака, понуден на тимот на Монако

Пол Погба во своите 32 години не планира да се пензионира, сака да продолжи да игра фудбал. Но, после сите минати перипетии, не може да најде нов клуб во кој би ја продолжил кариерата. Од ноември минатата година е без клуб, а според „Футомеркато“, тешко дека тоа ќе се промени наскоро, бидејќи тимот на Монако, меѓу другите, одби да потпише договор со овој фудбалер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Периодов е особено тежок за Пол Погба, можеби и најтежок во неговата кариера. Неговиот агент и тој се обидуваат да најдат нов клуб, но изгледа дека повеќето не сакаат да се обврзат со фудбалер кој имал скандал со допинг, а и долго време е надвор од терените.

Со Јувентус раскина уште во ноември, а ни таму не се изнаигра доволно пред ова.

Пол Погба се надева дека ќе добие нова шанса, но е свесен дека ризикот за новиот тим е голем. Неговата контроверзна природа, скандалот со допинг и честите повреди се сите фактори кои влијаат на оваа ситуација.

Се шпекулираше дека би можел да замине во Азија или во MЛС, но на крај се’ е исто, остана на исто место.

Летото можеби ќе донесе одговори за неговата иднина, но прашањето останува – кој е подготвен да го потпише Пол Погба во овој момент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонецот Илоски му даде три гола на Интер Мајами на Меси (Видео)

Милан Илоски, кој има македонско потекло, блесна на натпреварот меѓу Интер Мајами и Филаде…