Дома Фудбал Погледнете што направи играчот на Ленс во 49. секунда за директен црвен картон

Погледнете што направи играчот на Ленс во 49. секунда за директен црвен картон

На последниот натпревар од шестото коло на француската фудбалска лига, Рен и Ленс ремизираа 0:0, откако домаќинот од самиот старт беше во предност со играч повеќе. На Роажон Парк, тимот на Ленс остана со играч помалку уште во 49. секунда од натпреварот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Џонатан Градит, како последен човек во одбраната, го собори Секу Фофана, и судијата Бастијан Депчи му го покажа патот кон соблекувалната. Сепак, ова не беше најбрзиот црвен картон во историјата на француската Лига 1, туку четвртото најбрзо исклучување во 21. век.

Најбрзиот исклучен играч е Џан-Клер Тодибо од Ница, на 18 септември 2022, добивајќи црвен картон само девет секунди по почетокот на дуелот против Анжер. Црвениот картон на Градит можете да го видите ОВДЕ. Ленс, иако со играч помалку, успеа да се држи цврсто и поголемиот дел од натпреварот беше рамноправен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудо: Навивач понуди 250.000 долари за билет за Мундијалот (Фото)

Канадски фан предизвика сензација со својата понуда пред Светското првенство. Како ПАМЕТНО…