Дома Фудбал Погледнете како репрезентацијата на Иран беше дочекана во Мексико (Видео)

Погледнете како репрезентацијата на Иран беше дочекана во Мексико (Видео)

Иранската фудбалска репрезентација, заедно со остатокот од делегацијата, пристигна во мексиканската Тихуана, местото на Светското првенство во фудбал, во неделата претпладне според централноевропско време. Иранските фудбалери допатуваа со лет од Турција, каде што беа на подготовки последните неколку недели, а во Мексико ги пречекаа војската и полицијата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пристигнувањето на Иранците беше проследено со високи безбедносни мерки поради немирите и воените конфликти помеѓу Иран и Соединетите Американски Држави кои се случуваат на Блискиот Исток. Околу педесетина навивачи на Иран ги пречекаа своите миленици во Тихуана, а репрезентативните автобуси беа придружувани од воен кордон од аеродромот до хотелот каде што ќе бидат сместени.

На Светското првенство, Иран се наоѓа во групата Г и воведните две натпревари ќе ги одиграат во предградието на Лос Анџелес. Нивни противници ќе бидат Нов Зеланд на 15 јуни и Белгија на 21 јуни. Последниот натпревар во групата Иран ќе го одигра во Сиетл против Египет на 26 јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дански доктор откри нови детали за Ериксен (Видео)

Кристијан Ериксен колабира на пријателскиот меч меѓу Данска и Украина, а сега пристигнуваа…