Дома Останати Кошарка Погледнете ги сите 104 поени на Јокиќ за 24 часа: Најлудиот кош му го поништија судиите (Видео)

Погледнете ги сите 104 поени на Јокиќ за 24 часа: Најлудиот кош му го поништија судиите (Видео)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ испиша историја во НБА лигата за време на викендот. Прво во поразот на Денвер од Вашингтон (113-122) постигна 56 поени, а само ден потоа го предводеше тимот до победа во Атланта (141:111). Во тој натпревар даде уште 48 поени, што значи дека Јокиќ за 24 часа постигна 104 поени!

И не само тоа, имаше и 30 скока и 16 асистенции, што е статистика која никогаш никој нема постигнато во толку краток период.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ги излудуваше противничките одбрани, па така Јокиќ покажа дека е најдобриот кошаркар на светот, а интересно е што најлудиот кош од сите што ги постигна – всушност беше поништен. Погледнете што направи и ги остави навивачите во Вашингтон без зборови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пресметката меѓу Дончиќ и Јокиќ донесе невиден спектакл, а потоа се драма во последната секунда (Видео)

Лос Анџелес Лејкерс по продолженија ги победија Денвер Нагетс 127:125. Херој беше Лука Дон…