
Светскиот шампион од 2018 година Пол Погба (32), кој беше надвор од теренот 20 месеци, преговара со D.C. United за приклучување кон американскиот клуб. Францускиот играч од средината лани во ноември спогодбено го раскина договорот со Јувентус и оттогаш многу време поминува во својот дом во Мајами, објавија американските медиуми.
Првиот човек на Ди-Си Јунајтед, Џејсон Левиен, водеше неколку разговори со менаџерот на Погба, а еднаш се сретна и со поранешниот француски репрезентативец. Но, Погба, кој моментално е без клуб, сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Постојат три опции: останување во Европа, преселба во САД или заминување во Саудиска Арабија. Пред два месеци се шпекулираше дека можел да потпише за Интер од Мајами, чиј ко-сопственик е Дејвид Бекам, а главна ѕвезда Лионел Меси.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Ако би се преселил во Вашингтон, веднаш би станал главната ѕвезда на Ди-Си Јунајтед, каде што игра Кристијан Бентеке (34), поранешен фудбалер на Астон Вила и Ливерпул. Погба во март му истече суспензијата од година и пол која ја заработи заради присуството на средство кое го поттикнува растот на тестостерон во допинг тестирањето.
Фото: Juventus F.C/X