Дома Фудбал Подготвена е замената за Трент: Ливерпул тргнува во акција по негов наследник

Подготвена е замената за Трент: Ливерпул тргнува во акција по негов наследник

Ливерпул се подготвува за голема промена на десниот бек. Трент Александер-Арнолд најави заминување од клубот на крајот од договорот, а неговата следна дестинација ќе биде Реал Мадрид.

Црвените, сепак, брзо реагираа.

Главниот кандидат за замена е Џоереми Фримпонг од Баер Леверкузен, кој, според информациите на Дејвид Орнстин, „е заинтересиран за доаѓање на Енфилд“.

Фримпонг има откупна клаузула од 35 милиони евра, а со својот офанзивен придонес (четири гола и шест асистенции оваа сезона во Бундеслигата) и динамичниот стил на игра совршено одговара на профилот што Ливерпул го бара во пост-Трент ерата.

Фото: Грок АИ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус го раскина договорот со едно од своите најголеми промашувања во историјата

Италијанскиот спортски гигант Јувентус денес потврди дека договорот со бразилскиот фудбале…