Дома Фудбал Податок за „верувале или не“: На „Енфилд“ имало земјотрес додека Ливерпул ја славел титулата!

Податок за „верувале или не“: На „Енфилд“ имало земјотрес додека Ливерпул ја славел титулата!

Според истражувањата на научниците од Универзитетот во Ливерпул, навивачите на новиот шампион на Англија предизвикале потреси на земјата додека ја прославувале освоената шампионска титула.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул во неделата ја потврди својата 20-та титула шампион на Англија откако резултатски со 5:1 го победи Тотенхем. Така ја заокружи беспрекорната сезона во Англија и се закити со најпрестижниот трофеј.

Следеше голема прослава на „Енфилд“, а навивачите на Ливерпул славеа со денови. Каква атмосфера владееше, најдобро покажува податокот дека научниците од Универзитетот во Ливерпул забележиле сериозни потреси на земјата за време на прославата.

Навивачите на „Енфилд“ предизвикале потрес на земјата со јачина од 1,74 степени според Рихтеровата скала додека го славеа голот во победата против Тотенхем.

Научниците од Универзитетот во Ливерпул целно пристигнале на „Енфилд“ за да ги мерат потенцијалните сеизмички поместувања предизвикани од публиката.

Користеа опрема која обично се користи за следење на земјотреси и утврдиле дека 60.145 навивачи на Ливерпул создавале сеизмичка активност реагирајќи на головите.

Фото: Liverpool FC/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…