Дома Фудбал Почнува нокаут-фазата на Лигата на шампионите, Сити и Реал го играат дербито

Почнува нокаут-фазата на Лигата на шампионите, Сити и Реал го играат дербито

Денес почнува нокаут-фазата на Лигата на шампионите. Според новиот систем на натпреварување, екипите кои завршија од 9-то до 24-то место во лигашката фаза, во текот на овие две недели ќе се борат за место во осминафиналето.

Првиот ден од нокаут-фазата се игра и најатрактивниот дуел, каде Манчестер Сити ќе се сретне со Реал Мадрид.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


По разочарувачката 22. позиција во лигашката фаза, Сити го извлече Реал како противник, кој на Етихад доаѓа со огромни проблеми во одбраната. Поради повреди, Карло Анчелоти не може да смета на Антонио Рудигер, Давид Алаба, Едер Милитао, Дани Карвахал и Лукас Васкес, и нема да му биде ни малку лесно да состави одбранбен квартет.

Распоред на натпревари:

18:45 Брест – Париз Сен Жермен
21:00 Манчестер Сити – Реал Мадрид
21:00 Јувентус – ПСВ
21:00 Спортинг – Борусија Дортмунд

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете на каков терен ќе се игра вечерва натпревар од Лигата на шампионите

Турнирот во Лига на шампиони продолжува вечерва со натпревари од плеј-офот за пласман во о…