Дома Фудбал Почнаа проблемите: Иранците поради инцидент на аеродром веднаш си заминале од Торонто!

Почнаа проблемите: Иранците поради инцидент на аеродром веднаш си заминале од Торонто!

Највисоките претставници на Иранската фудбалска федерација ја напуштија Канада пред одржувањето на ФИФА Конгресот поради инцидент при имиграциските проверки на аеродромот во Торонто, информираа иранските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Претседателот на Федерацијата, Мехди Тај, генералниот секретар и заменикот секретар се вратија со првиот лет за Турција, наведувајќи несоодветно однесување на службениците и навреда кон еден од најистакнатите органи на Иранската револуционерна гарда (IRGC), известува AFP.

Канада во 2024 година ја прогласи Иранската револуционерна гарда (IRGC) за терористичка група и им забрани на нејзините членови влез во земјата.

Делегацијата пристигна во Канада со официјални визи, но овој инцидент покрена прашања околу можноста за слободно движење на иранските играчи, функционери и навивачи за време на Светското првенство кое летово ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Канадските власти не го коментираа конкретниот случај, повикувајќи се на приватност, но истакнаа дека преставниците на IRGC немаат дозвола за влез во Канада. ФИФА стапи во контакт со иранската делегација изразувајќи жалење, и најави дека претседателот Џани Инфантино ќе организира средба во седиштето на организацијата.

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави минатата недела дека иранските фудбалери ќе бидат добредојдени, но предупреди дека на членовите на делегацијата поврзани со IRGC може да им се забрани влезот во САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дибала заминува од Рома: На чекор е од голем трансфер!

Се чини дека се доближува крајот на соработката помеѓу Пауло Дибала и Рома, со оглед на то…