Дома Моторспорт Почина легендарниот Ники Лауда!

Почина легендарниот Ники Лауда!

Легендата на Формула 1, Ники Лауда почина на 70 годишна возраст после неколку месеци борба со болеста.

Лауда го освојуваше Ф1 првенството во 1975 година и 1977 како возач на Ферари и во 1984 кога беше дел од Меклларен.

Изгореници опасни по живот доби во 1976 година во текот на трката за Големата награда за Германија, но успеа чудесно да се опорави и повторно да седне зад воланот.

Лауда имаше две трансплатации на бубрег во 1997 и 2005 година кога донори му беа братот Флориан и сопругата Брихт.

На почетокот на оваа година заврши во болница во Виена неколку месеци откако имаше трансплатација на црн дроб. Тогаш од одморот од Шпанија беше префрлен во Австрија.

Во август минатата година доби нов црн дроб и беше неформален директор на Мерцедес, тимот кој неколку години наназад доминира во најбрзиот караван на светот.

Легендарниот возач најпознат можеби е по ривалството со Џејмс Хатон од 1976 година кога Британецот ја освои титулата со само еден бод предност. Тоа ривалство послужи за снимање на познатиот филм Раш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Астон Мартин со нов потег: Од Формула 1 на терените за падел

Тимот се здружи со Паделтек за колекција рекети и додатоци, а во 2027 година соработката т…