Дома Фудбал Почина легендарниот холандски тренер

Почина легендарниот холандски тренер

На 82-годишна возраст почина познатиот фудбалски тренер Лео Бенхакер.

Во тренерската кариера водеше многу клубови, а најголемиот успех го имаше со Реал Мадрид со кој од 1986 до 1989 освои три титули во Ла Лига.

Има шампионски титули и со Ајакс и Феенорд и важи за еден од најдобрите холандски тренери на сите времиња.

Бенхакер беше тренер и на Тринидад и Тобаго, со оваа селекција учествуваше на Светското првенство во Германија во 2006 година, а последно работеше како селектор на Полска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Португалија без Роналдо: Убедлива победа над Данска

Португалија без Роналдо ја совлада Данска со 4-2, покажувајќи напредок во нападот. …