Дома Фудбал Почетни 11. за Интер: Спалети смисли начин како да ја запре Барселона

Почетни 11. за Интер: Спалети смисли начин како да ја запре Барселона

Интер во вторник од 21 часот на Џуземе Меаца ја пречекува Барселона во рамките на 4. коло во ЛШ. Тренерот на миланската екипа Спалети спрема изненадување во составот.

Иако и натаму е без зелено светло од страна на медицинскиот тим, Лионел Меси се наоѓа на листата кандидати за настап.

„Се молам да не игра. Барселона со него е уште посилна. И така не можеме да им го одземеме поседот, затоа мораме да смислиме различен план бидејќи ќе бидеме во незавидна ситуација.“ – порача Спалети.

Италијанскиот тренер направил стратегија со која би можел да ја победи Барселона. Имено, Интер во однос на натпреварот на Камп Ноу ќе биде посилен со оправениот Наинголан, а токму белгијецот треба да биде клучниот играч во разбивањето на играта на Барса.

Интер: (4-2-3-1): Хандановиќ, Врсаљко, Шкриниар, Миранда, Асамоа, Весино, Брозовиќ, Кандрева, Наинголан, Перишиќ, Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…