Дома Тенис „Пиев многу алкохол“: Еве што правеше Шарапова за време на суспензијата од 15 месеци

„Пиев многу алкохол“: Еве што правеше Шарапова за време на суспензијата од 15 месеци

Руската тенисерка Марија Шарапова во април повторно се враќа на тениските терени по суспензијата, а во интервју за магазинот „Вог“ кажува дека паузата ја искористила за уживање во животот.

„Изминатата година пиев алкохол како никогаш во животот“ открива Шарапова во интервјуто.

Тенисерката беше казнета поради користење на недозволената супстанца мелдониум. Првичната казна беше 2 години супензија, но подоцна беше намалена на 15 месеци.

„Ќе полудев доколку цело време размислував само за тенис“ додаде 29-годишната тенисерка, која што исто така се посветила и на јогата.

Марија Шарапова на тенисот му се враќа на турнирот во Штутгарт, кој што ќе се игра од 24. до 30. април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Човекот од тимот на Надал ја презема Шпанија: Марк Лопез го наследува Ферер

Марк Лопез треба да ја преземе шпанската Дејвис куп репрезентација од 1 јануари, а неговио…