Дома Останати Кошарка Пешиќ го „запали“ Белград – поради една реченица за Обрадовиќ е под жесток напад од навивачите на Партизан

Пешиќ го „запали“ Белград – поради една реченица за Обрадовиќ е под жесток напад од навивачите на Партизан

Светислав Пешиќ го коментираше заминувањето на Жељко Обрадовиќ од Партизан и тоа предизвика вистински хаос меѓу навивачите на црно-белите. Тие тврдат дека Пешиќ го понижил Обрадовиќ.

Поранешниот селектор на Србија, легендарниот Светислав Пешиќ, гостуваше во емисијата „Кида Шоу“ и зборуваше за заминувањето на Жељко Обрадовиќ од тренерската позиција на белградскиот Партизан.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Една реченица што ја кажа во емисијата не им се допадна на навивачите на Партизан. Тие тврдат дека тоа е жестока навреда кон Обрадовиќ.

„Јавноста од Жељко направи многу повеќе отколку што навистина е”, изјави Пешиќ и таа реченица предизвика хаос меѓу црно-белите навивачи.

Пешиќ потоа продолжи со оваа тема.

„Тој е тренер со огромно искуство и знаење. Се надевам дека не ја заврши кариерата.”

„Тоа е порака и до останатите тренери. Кога не си во состојба да оствариш што си посакал, а си поставил цели, тогаш велиш: ‘Господа, јас преземам одговорност. Тука сум да помагам, но сега треба да се движи во некој друг правец.”

„За мене тоа е изненадување. Не би било да беше на крајот од сезоната. Имаше апсолутна поддршка од луѓето во клубот”, порача Кари.

И додека некои велат дека само ја зборува вистината, навивачите на црно-белите не му простуваат.

„Подобро е еден ден да се биде Жељко Обрадовиќ отколку цел живот Светислав Пешиќ.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спектакл во Минесота: Богдан израмни, па го гледаше падот на Клиперс во последните секунди (Видео)

Враќањето на Богдан Богдановиќ го обележа гостувањето на Лос Анџелес Клиперс во Минесота, …