Дома Фудбал Пеп: Сега не можеме да ја освоиме ЛШ, но за две недели…

Пеп: Сега не можеме да ја освоиме ЛШ, но за две недели…

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, повтори дека само сака да ја има целата екипа на располагање, зборувајќи за втората фаза на Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Манчестер Сити се пласираше со мака во втората фаза од елитното натпреварување, а таму ги чекаат или Баерн или Реал Мадрид.

„Тоа го заслужуваме. Можевме подобро. Можеби имавме и среќа. Не знам дали тие се среќни што ќе играат со нас, но така е – како што е. Не можеме да се жалиме”, рече Гвардиола.

На прашањето дали Сити може да ја освои Лигата на шампионите, шпанскиот тренер одговори:

„Во моментов? Не. Но во годината кога ја освоивме (2023), цело време мислев дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите. Реал можеби малку се мачи, но во последните неколку натпреварувања се вратија и резултатски и со игра. А Баерн Минхен досега има неверојатна сезона со Вини (Венсан Компани)”, истакна Гвардиола и додаде:

„Како што реков, да мораме да играме утре, би било тешко. Сепак, за две недели не знам каква ќе биде ситуацијата. Добро ќе се подготвиме, ќе бидеме физички подготвени и ќе дадеме се од себе”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА игра своја игра: САД домаќин и на мундијалот 2038 година?

Соединетите Американски Држави разгледуваат можност да аплицираат за домаќин на Светското …