Дома Фудбал Пеп објасни зошто ги „нападнал“ Гвардиол и Ортега (Видео)

Пеп објасни зошто ги „нападнал“ Гвардиол и Ортега (Видео)

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола објасни зошто по натпреварот против Брентфорд ги „нападна“ на хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол и голманот Стефан Ортега. Тој вели дека тоа било од задоволство. Речиси неверојатно оправдување имаше Пеп Гвардиола на прашањето на англиските новинари за односот кон Јошко Гвардиол и Стефан Ортега.

Менаџерот на Манчестер Сити, по нерешениот резултат во Брентфорд (2:2), при излегување од теренот буквално се обрати на хрватскиот дефанзивец, а потоа и на голманот Ортега. Тврди дека тоа било од чисто задоволство за нивните настапи.

„Јошко Гвардиол одигра неверојатен натпревар. Бев исклучително задоволен“, рече Гвардиола, а потоа за Ортега додаде:

„Истото важи и за Ортега. Му реков колку добро одигра, како имаше добри потези со топката, додавање за Ерлинг. Му реков колку сум среќен и задоволен, особено со нив двајца и начинот на кој одиграа“, рече Гвардиола.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…