Дома Фудбал Пекол во ЛШ: Му се предвидува нов срам на Мурињо?!

Пекол во ЛШ: Му се предвидува нов срам на Мурињо?!

УТрово се појави веста дека Жозе Мурињо е пред враќање во Бенфика.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Португалецот во почетокот на својата кариера кратко време беше тренер на Бенфика, од септември до декември 2000 година, и четврт век подоцна се враќа како големо име кое е во пад на кариерата.

За да биде уште полошо за него, преостанатиот распоред во Лигата на шампионите е буквално пеколен. Карабаг дома беше на хартија далеку најлесен возможен противник и шанса за победа, бидејќи тешко дека Бенфика ќе може во следните натпревари да освои потребните 10 бодови за сигурен плејоф.

Имено, противниците на Бенфика се – Челси, Њуксал, Бајер Леверкузен, Ајакс, Наполи, Јувентус, Реал Мадрид!

Покрај тоа, Бенфика гостува и на Челси и Њуксал, Ајакс и Јувентус, а дома ги пречекува – Бајер, Наполи и Реал Мадрид, а математиката вели дека за плејоф се потребни 9 или 10 бодови. Со други зборови, тешко дека Бенфика ќе забележи три победи против вакви силни противници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на една ера: Ван Дајк си заминува, кажа „да“ на друг гигант!

Вирџил Ван Дајк по осум години најверојатно ќе го напушти Ливерпул. Холандскиот стопер веќ…