Дома Фудбал Пандев како капитен повторно ќе ја предводи Македонија и тоа во Италија!

Пандев како капитен повторно ќе ја предводи Македонија и тоа во Италија!

Националната селекција на Македонија во Фудбал 7, под водство на Горан Пандев и уште неколку легенди на македонскиот фудбал, ќе го има своето деби на престижниот Куп на конфедерациите. Турнирот ќе се одржи во Рим на 13 и 14 декември и претставува важен чекор за развојот на овој спорт кај нас.

Македонскиот тим покрај Пандев ќе биде составен уште од: Един Нурединовски, Матеј Малинков, Бобан Грнчаров, Златко Таневски, Бојан Марковски, Влатко Гроздановски, Никола Глигоров, Дарко Глишиќ, Бобан Јанчевски и Филип Ивановски.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Поканата за учество пристигна директно од претседателот на ФИФ7 Европа и Калчо 7/8 Италија, Фабрицио Лофреда.

Ф7 е спорт во експанзија – брз, динамичен и исполнет со акција. Помалиот терен, побрзите транзиции и бројните дуели создаваат игра со многу возбуда, што го прави овој формат сè попопуларен меѓу играчите и публиката ширум светот.

Македонија ќе го отвори турнирот против домаќинот Италија, која е актуелен вицешампион од Светското првенство во Бразил. Италијанскиот тим ќе биде засилен со неколку звучни имиња од професионалниот фудбал, меѓу кои Гаетано Д’Агостино, Алесио Черчи, Давиде Москардели, Леонардо Бонучи и Антонио Ди Натале – што гарантира вистински спектакл уште на самиот старт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шефот на Баерн го негира интересот кон Салах

Спортскиот директор на Баерн Минхен Макс Еберл ги отфрли шпекулациите за евентуално доведу…