Дома Македонски спорт Oхриѓанецот Марко Пејчиновски доби стипендија од 200.000 денари

Oхриѓанецот Марко Пејчиновски доби стипендија од 200.000 денари

17-годишниот Охриѓанец Марко Пејчиновски кој првпат македонската јавност ја воодушеви на 12 години кога исплива 30 километарски маратон во Охридското езеро доби стипендија од државата.

Денес Марко беше на прием кај премиерот Ковачевски и ќе му биде доделена стипендија во износ од 200.000 денари.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Млад, храбар и талентиран е нашиот млад пливач Марко Пејчиновски. Денес му честитав за неговиот последен спортски успех – тој го преплива Охридското Езеро, цели 64 километри за помалку од 22 часа и подвигот го посвети на подигнувањето на свеста за лицата со ретки болести.

Ваквите гестови и личности како Марко се ретки и за восхит, и затоа денес ми беше чест и задоволство да му ја врачам одлуката за еднократна стипендија во износ од 200.000 денари, средства обезбедени преку Националната федерација „Спорт за сите”.

Владата преку Агенцијата за млади и спорт продолжува дa ги поддржува младите успешни спортисти и да вложува во модерна, безбедна и пристапна спортска инфраструктура согласно светските стандарди“, стои во соопштението од првиот човек на Владата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…