Дома Фудбал Oфицијално: Јувентус го отпушти Пирло

Oфицијално: Јувентус го отпушти Пирло

Се продолжува со заминувањето на тренерите во најсилните европски лиги. Како и што се најавуваше од денес и Андреа Пирло повеќе не е тренер на Јувентус.

Ако на крајот се се собере можеби Пирло и немаше толку лоша сезона ако се знае дека сезонава за него беше прва како професионален тренер, без претходно никакво искуство. Пирло со Јувентус успеа да освои два трофеи (Купот и Суперкупот на Италија), а во првенството во последното коло се избори за четвртата позиција и обезбеди пласман во ЛШ.

Сепак, таквиот учинок и играта на тимот не го задоволија претседателот Андреа Ањели, на местото на Пирло се очекува во клубот да се врати Масимилијано Алегри.

Ќе потсетиме, пред Пирло клубот официјално го напушти и спортскиот директор Фабио Партичи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета собира снимки од ривалите: „36 излегувања за 10 минути, а нема жолт картон!“

Тренерот на Арсенал е на еден жолт картон од суспензија и тврди дека неговите колеги остан…