Дома Фудбал Останато Oфицијално: Светскиот шампион потпиша за тимот на Бекам

Oфицијално: Светскиот шампион потпиша за тимот на Бекам

Дејвид Бекам полека гради силен играчки кадар во екипата на Интер Мајами.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Францускиот фудбалер Блез Матуиди денес стана нов играч на овој тим. Матуиди вчера и официјално го напушти Јувентус, а веќе денес стигна потврда за продолжувањето на неговата кариера во САД.

Овој 33 годишен играч за врска минатата сезона одигра 45 натпревари за Јувентус, постигна еден гол и подели две асистенции.

Во текот на кариерата настапуваше уште за ПСЖ, Сент Етјен и Тројес.

Интер Мајами него го доведе бесплатно, а претходно потроши околу 25 милиони евра Родолф Пизаро, Матијас Пелегрини и Јулиан Каранза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…