Дома Фудбал Oфицијално: Пирло нов тренер на Караѓумрук

Oфицијално: Пирло нов тренер на Караѓумрук

Легендарниот Андреа Пирло како и што се најавуваше официјално стана тренер на турскиот прволигаш Караѓумрук.

Пирло со овој клуб потпиша договор на една сезона и за Италијанецот ова ќе биде втор обид во професионалната тренерска кариера после сезоната 2020/2021 во Јувентус.

Како фудбалер Пирло има 116 натпревари и 13 гола за италијанската репрезентација и беше шампион на Светското првенство во Германија во 2006. Со успех настапуваше уште во Бреша, Интер, Реџина, Милан, Јувентус и Њујорк Сити. Засега успехот на тренерско поле е далеку од она што го оствари како играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета собира снимки од ривалите: „36 излегувања за 10 минути, а нема жолт картон!“

Тренерот на Арсенал е на еден жолт картон од суспензија и тврди дека неговите колеги остан…