Дома Фудбал Англија Oзил со детално објаснување за нападот од Лондон: Се плашев за мојата сопруга

Oзил со детално објаснување за нападот од Лондон: Се плашев за мојата сопруга

Meсут Озил зборувајќи за медиумите на Островот се потсети на немилиот настан кој се случи ова лето во Лондон во кој учествуваше и босанскиот фудбалер Сеад Колашинац.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двајцата фудбалери биле нападнати во центарот на Лондон од страна на локални гангстери. Во таа ситуација Колашинац застана пред напаѓачите после што тие избегаа. Видеото брзо се прошири, а Колашинац стана херој.

Поради оваа претпазливост од одмазда на гангстерите Озил и Колашинац не беа во составот на Арсенал за следните два натпревари.

„Возев од мојата кон куќата на Сеад. Во тој момент тој беше надвор и почнавме да разговаравме. Сопругата седеше до мене. Наеднаш се појавија момците. На почетокот мислев дека сакаат да се фотографираат со нас бидејќи често пати ни се случуваа такви работи. Но набрзо заклучивме дека тоа не се наши фанови“,

„На Сеад му кажаа да им го даде часовник, а неговата реакција беше навистина храбра. Јас посебно се исплашив бидејќи сопругата беше со мене. Се плашев да не ја отворат нејзината врата, се обидоа да направат такво нешто, но за среќа на време забележав и спречив такво нешто“, обајсни Озил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Веќе почна: Горат дресовите на Алварез во Мадрид (Видео)

Најкраткиот пат од љубов до омраза може да се види во случајот на Хулијан Алварез во Мадри…