
Африканските квалификации за Светското првенство завршија вчера, а дознавме кои се деветте групни победници, како и четири второпласирани тимови кои добија шанса за интерконтинентален бараж. Најголемите губитници во овие квалификации беа играчите на Бенин.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалската репрезентација на Бенин го отвори последното коло како водач на група Ц со 17 бодови. Јужноафриканската Република го следеше со 15 бодови, додека Нигерија беше на третото место со 14 бодови.
Бенин беше гостин на Нигерија и имаше шанса да се квалификува на Светското првенство за првпат во нивната историја. Победа носеше сигурен пласман, а во случај на нерешен резултат, им требаше Јужноафриканската Република да киксне дома против Руанда.
Но, Нигеријците ги совладаа со убедливи 4:0, а бидејќи и Јужноафриканската Република ја победи Руанда со 3:0, на крајот Бенин падна на третата позиција и остана без можност за интерконтинентален бараж помеѓу најдобрите во светот.
Така, Јужноафриканската Република директно се пласираше на Светското првенство, додека Нигерија доби втора шанса преку бараж.