Фудбалерот на Ливерпул Трент Александер-Арнолд ги договори условите за соработка со Реал Мадрид и ќе го засили шпанскиот клуб летово како слободен играч, дознава „Скај Спортс“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Медиумите долго време шпекулираа каде ќе ја продолжи кариерата десниот бек.
Неговиот актуелен договор со Ливерпул истекува на лето, а од јануари има право да договори и потпише договор со кој било друг тим.
Според информациите на „Скај Спортс“, Александер-Арнолд ќе потпише петгодишен договор со Реал.
Англичанецот во Мадрид ќе заработува 15 милиони евра годишно, со значителни бонуси додатно. За споредба, овој 26-годишник во Ливерпул инкасира околу 11 милиони евра по сезона.