
Менаџерот на Њукасл Еди Хау беше примен во болница во петок вечер, откако „се чувствувал лошо со денови“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Клубот тогаш не го прецизираше причинителот поради кој тренерот беше задржан во болница, но сега е откриено дека станува збор за воспаление на белите дробови и дека поради опоравување Хау нема да го води тимот на следниве два натпревара. Екипата без него ќе биде во среда против Кристал Палас и во сабота против Астон Вила.
Во негово отсуство, во неделата Њукасл од клупата ги водеше Џејсон Тиндал и Греем Џоунс против Манчестер јунајтед, а таму црно-белите победија со уверливи 4:1.
Њукасл до крајот на сезоната има уште седум натпревари во Премиер лигата и го очекува голема битка за пласман во Лигата на шампионите.
Њукасл моментално е четврти со 56 бода, третопласираниот Нотингем Форест има бод повеќе, додека петопласиран Манчестер Сити има бод помалку. Шестиот Челси и седмата Астон Вила заостануваат два бода.
Фото: Newcastle/FB