Дома Фудбал Откриено која ќе биде следната дестинација на Томас Милер

Откриено која ќе биде следната дестинација на Томас Милер

Кевин Гроскројц, бивш светски шампион со Германија во 2014 г. и двократен шампион во Бундеслигата со Борусија Дортмунд (2011, 2012), откри која ќе биде следната дестинација во кариерата на Томас Милер.

Не е тајна дека крајот на оваа сезона ќе го означи и последниот настап на Томас Милер со тимот на Бајерн Минхен. Легендарниот фудбалер на баварците направи официјално соопштение пред еден месец, кое предизвика големо разочарување меѓу навивачите на “Алијанц Арена”. Во прощалното си соопштение на социјалните мрежи во април, Милер не објави никакви детали за својата идна кариера.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Сепак, во медиумите се појавија неколку можни опции. Најкоментираните дестинации беа Италија, каде Фиорентина покажува интерес за неговите услуги, и Соединетите Американски Држави. Дури се зборуваше и за можноста на повлекување на крајот на актуелната сезона.

„Томас ќе игра во Америка, соопштението ќе биде направено на почетокот на јуни. Знам тоа од неговите соседи“, изјави Гроскројц.

Ако оваа информација, што ја достави Гроскројц, е точна, наскоро ќе дознаеме. Ако Милер се приклучи на MLS, најверојатно ќе потпише со Лос Анџелес ФК, бидејќи клубот од Калифорнија има долгогодишно партнерство со Бајерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити конечно пронајде замена за Де Брујне

Кевин Де Брујне ќе ја напушти екипата на Манчестер Сити на крајот од сезоната по десетодиш…