Дома Моторспорт Откажана Големата награда на Италија во Мото ГП

Откажана Големата награда на Италија во Мото ГП

Коронавирусот ја откажа трката во Мото ГП за Големата награда на Италија, па за прв пат во последните 30 години нема да се вози оваа легендарна стаза.

Трката требаше да биде одржана на 31. мај, но прво беше одложена, а откако не можеше да се пронајде нов термин, на крајот беше и откажана.

Сезоната во Мото ГП требаше да започне на 8. март во Катар, но до сега не е одржана ниту една трка. Откажани се осум трки – во Катар, Холандија, Германија, Финска, Велика Британија, Австралија и Јапонија, а сега и Големата награда на Италија.

Во Меѓународната мото федерација се надеваат дека сезоната може да започне на 19. јули со Големата награта на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Астон Мартин со нов потег: Од Формула 1 на терените за падел

Тимот се здружи со Паделтек за колекција рекети и додатоци, а во 2027 година соработката т…