Дома Фудбал Откажан традиционалниот ручек меѓу шефовите на Барса и Реал пред Ел Класико

Откажан традиционалниот ручек меѓу шефовите на Барса и Реал пред Ел Класико

Раководствата на Барселона и Реал Мадрид нема да го одржат традиционалниот заеднички ручек пред дербито меѓу двата тима од Ла Лига, објавуваат шпанските медиуми во четвртокот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Претседателите на двата водечки шпански клуба Жоан Лапорта и Флорентино Перес ќе се сретнат единствено на стадионот, каде што може да имаат кратка средба „четири очи“.

По традиција, раководителите на Барселона и Реал Мадрид обично заедно ручаат во деновите на натпреварите меѓу тимовите, но причините за откажувањето на оваа специјална средба сè уште не се објавени.

Барса ќе ги пречека мадридчаните на 11 мај во четвртото „Класико“ оваа сезона. Каталонците имаат предност од четири поени на врвот на табелата пред „белите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал во Италија поради рускиот спонзор на Пирло, неговото назначување е засега стопирано

Изгледа сигурното назначување на Андреа Пирло како нов селектор на Италија предизвика сери…