Дома Останати Кошарка Откако пропадна трејдот на Вилијамс: Лејкерс се засили со украински центар

Откако пропадна трејдот на Вилијамс: Лејкерс се засили со украински центар

Октако им пропадна размената за Марк Вилијамс, Лос Анџелес Лејкерсите побараа нов центар на пазарот на слободни играчи и го најдоа во 31-годишниот, 213 см висок Украинец Алекс Јен.

Три и пол години Алекс Јен ги помина во Сакраменто кингс како трет центар, а оваа сезона во 36 настапи постигнуваше 1.4 поени и 1.8 скокови за седум минути игра. Последниот ден од преодниот рок, Кингс го разменија во Вашингтон Визардс, кои му го раскинаа договорот и му овозможија да потпише за минималец во нов клуб.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Кариeрата на Јен во НБА трае веќе 12 сезони, а ја помина во Феникс, Атланта, Сакраменто, Торонто и Вашингтон, пред враќањето во Кингсите летото 2021 година. Во 680 натпревари има просек од 6.7 поени и 5.3 скокови.

Иако не е звучно име, Јен ќе биде корисен за Лејкерс до крајот на сезоната откако во шокантната размена за Лука Дончиќ останаа без првиот центар Ентони Дејвис. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јута броеше до 150, Марканен брутален, но сите зборуваат за потегот на Нуркиќ од втората четвртина (Видео)

Кошаркарите од Јута по продолжението постигнаа победа против Чикаго Булс во натпревар во к…