Дома Фудбал От Реал информирале Ливерпул дека го прекинуваат интересот за Конате

От Реал информирале Ливерпул дека го прекинуваат интересот за Конате

Раководството на Реал Мадрид официјално ги информирало своите колеги во Ливерпул дека го прекинува интересот за централниот бек на Ливерпул, Ибрахима Конате, и нема да прави обиди да го привлече, информира “Ди Атлетик”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Уште од минатото лето, шпанските медиуми објавуваа дека Французинот е приоритетна цел на кралскиот клуб за следното лето, и дека на “Сантијаго Бернабеу” веќе добиле принципиелна согласност од самиот играч за слободен трансфер по завршувањето на сезоната. Во меѓувреме, раководството на англискиот шампион се обидува да го убеди Конате да го продолжи договорот, кој истекува во летото.

Формата на Ибрахима Конате од почетокот на сезоната, сепак е катастрофална, што може да се каже и за целата одбранбена линија на Ливерпул.

Реал беше поврзуван и со двајца други централни бекови со истекувачки договори – Марк Геи и Дајо Упамекано. Но, неодамна се појави информација дека “белите” се откажале и од капитенот на Кристал Палас, кој се смета за сигурно ново засилување токму на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Олисе и Баерн сакаат состанок, причината е – Реал Мадрид?

Мајкл Олисе сака состанок со челниците на Баерн Минхен по завршување на Светското првенств…