
Дали Нико Пас ќе одбере да се врати во Реал Мадрид? Ова прашање ги интересира сите во Комо, кои му дадоа шанса на младиот фудбалер и веднаш тој блесна со своите игри. Во неговиот договор со „белите“ има клаузула, според која Шпанците можат да го вратат за одредена сума. Според претседателот на Комо, Мирван Суварсо, сè зависи од самиот Пас.
„Не ме интересира каква е ситуацијата со Реал Мадрид. Тоа е нешто со што се согласивме уште на почетокот. Реал има право да си го откупи Нико кога сака“, рече шефот на Италијанците пред „Спорт Италија“.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Самиот Пас треба да одлучи што сака да прави со својата иднина. Ние сме среќни што е кај нас; дури би сакале Комо да му стане дом, се разбира. Тој одбра да остане кај нас оваа сезона и му се радуваме секој ден“, додаде Суварсо.
Аргентинскиот репрезентативец има придонес за 21 гол на вкупно 42 натпревари за Комо.