
Манчестер Јунајтед ќе учествува во битката за доведување на Антоан Семеньо, соопштува “Скај Спортс”.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од “Олд Трафорд” досега не планираа да направат сериозен обид за засилување на предната линија, но луѓето во управата на клубот мислат дека е премногу добра можноста да се добие крилниот фудбалер на Борнмут, за да биде пропуштена.
Ганецот, кој е роден во Лондон, има откупна клаузула од 65 милиони фунти, која ќе стапи во сила во јануари. Семеньо редовно се претставува на многу високо ниво токму против Манчестер Јунајтед и има неколку голови против нив, вклучувајќи го и синоќа, кога погоди за 1:1 на крајот на првото полувреме.
На “Олд Трафорд” се привлечени и од можноста играчот да игра еднакво успешно на двата фланга, а исто така и како халф-бек, што би се вклопило одлично во тактичката поставка на Рубен Аморим. Досега во сезоната Семеньо има запишано 7 голови и 3 асистенции во 16 натпревари за Борнмут.